23/11/2024
Охрид

Свечено отворено „Охридско лето“ 2021

Со изведба на „Големиот Чајковски“ во изведба на Македонската опера и балет, започна 61-то издание на „Охридско лето“.

Присутните ги поздрави претседателот и генерален покровител на фестивалот, Стево Пендаровски и министерката за култура, Ирена Стефовска. Помеѓу присутните беше и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Во рамки на фестивалските денови на сцените ќе настапат повеќе од 500 уметници од 18 земји. Со врвни концерти на светски имиња, со македонски уметници, театри ќе биде донесена магијата на уметноста. Од вечерва до 20 август, Охрид, ќе биде спој на еминентни изведувачи од сите страни на Светот.

На задоволство на сите присутни на Античкиот театар во Охрид, организаторите приредија спектакуларен огномет.