Света литурија по повод Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста
Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 4. Декември 2019 година (среда), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста“ со почеток во 8:45 часот. На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.
Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.