Света литургија за празникот Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста
Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 4ти декември (понеделник) во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско -Охрид ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста.
Литургијата ќе биде со почеток во 8:45 часот, а на истата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.
Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.