Света литургија за Вознесение Христово – Спасовден во горно Лакочереј
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 06 јуни 2019 година (четврток), во манастирот „Вознесение Христово – Свети Спас“ – горно Лакочереј Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Вознесение на Господ Исус Христос – Спасовден“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.
Богослужба ќе има во сите парохиски цркви.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.