Свети литургии по повод претстојните празници
Македонската православна црква – Охридска архиепископија, односно Дебарско-кичевската епархија Охрид, ги известува своите верни чеда дека за време на претстојните празници Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј ќе чиноначалствува и тоа:
1. На 28 август 2020 год. во 08:45 часот ќе биде отслужена архиерејска литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско.
2. На 29 август 2020 година, во 08:45 часот ќе биде отслужена архиерејска литургија во манастирот св.Климент и Пантелејмон – Плаошник.
3. На 30 август 2020 год. во 09:00 часот во манастирот св.Климент и Пантелејмон – Плаошник ќе биде отслужена архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополитот г.Тимотеј и г.Агатангел и Епископот г.Партениј.
4. Во 11:00 часот осветување на новата митрополитска резиденција на Плаошник.
Поради настанатата состојба со корона вирусот КОВИД-19, се известуваат верниците кои сакаат да дојдат и присуствуваат на богослужбите, ќе мора да се придржуваат кон мерките на Владата за спречување и ширење на вирусот, што подразбира носење на заштитна опрема (маска, марама, шал и слично), како и држење на определеното растојание.