Свети литургии за Бадник и Божик во охридските цркви
Дебарското-кичевската епархија информира дека утре (недела), 6ти јануари, на празникот Бадник-Коледа ќе се служи света златоустова литургија во сите парохиски цркви во Охрид. Почетокот на литургиите е во 08:30 часот.
На празникот Рождество Христово Божик, 7ми јануари (понеделник) ќе се служи света архиерејска василиева литургија во црквата „Св.Георги“ – Охрид со почеток во 08:45 часот. Света василиева литургија ќе има во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 08:30 часот. И во Плаошкиот манастир „Св.Климент и Св.Пантелејмон“ тој ден ќе има богослужба.