23/11/2024
Македонија

Свети Михаил, прв митрополит Киевски

Свети Михаил, прв митрополит Киевски

На молба на великиот кнез Владимир беше испратен во Русија од цариградскиот патријарх за да го крштева незнабожечкиот народ и да ја утврдува и устројува Црквата. Св. Михаил го крсти народот во Киев, Новгород, Ростов и по многу други градови и села; ја устрои Црквата, постави епископи и презвитери, положи темел на Михаиловскиот манастир во Киев, испрати мисионери меѓу Бугарите и Татарите и мнозина од нив ги придоби за Христа. И тоа и многу друго корисно овој светител изврши за само четири години. Се упокои мирно во 992 година. Неговите мошти почиваат во Печерската лавра