„Светот останува на младите – Разговори за успехот“
Финалниот настан „Разговори за успех со Хајан Селмани“ во Струга ќе се одржи на 21 Декември 2018 (петок) со почеток во 17:00 часот во Хотел Дрим (конгресна сала). На настанот покрај говорот на реномираниот бизнисмен од Македонија Хајан Селмани, ќе се презентираат и резултатите од проектот Подобри се – Зајакнија твојата заедница! кој е поддржан од Проект на УСАИД за граѓанско учество, а се имплементираше во претходните 9 месеци од страна на Локална Агенција за Развој – Струга.
Овој настан се организира како финален настан на проектот „Подобри се – Зајакни ја твојата заедница!“, чија цел беше да промовира лидерство меѓу младите во југозападна Македонија (Охрид, Струга, Кичево и Дебар) и да ги инспирира да преземат проактивни улоги во нивните заедници. Во проектот спроведовме четири обуки за личен и професионален развој на младите; се промовираа и се поддржуваа младите како лидери во нивните заедници преку активности кои самите ги спроведоа; се релизираа пет студиски патувања и се воспостави соработка помеѓу младите и бизнис секторот, младинските организации и други релевантни институции кои можат да ги поддржат во нивната кариера.
Сите овие активности беа распоредени во периодот од април 2018 до декември 2018. Повеќе информации ќе може да најдете на: www.ldastruga.org и www.facebook.com/ldastruga