26/11/2024
Охрид

Светски ден без тутун

Под мотото ДА ГИ ЗАШТИТИМЕ ДЕЦАТА И МЛАДИТЕ ОД ВЛИЈАНИЕТО НА ТУТУНСКАТА ИНДУСТРИЈА! денес се одбележува Светскиот ден без тутун со цел да ја подигне јавната свест за новата мета на тутунската индустрија – децата и младите.

Пушењето како причина за смрт се поврзува со околу 7.2 милиони смртни исходи во светот, годишно. Тутунот убива приближно половина од своите корисници, одземајќи така повеќе животи отколку сидата, маларијата и туберкулозата заедно.

По повод Светскиот ден без тутун стручните лица на Центар за јавно здравје Охрид ќе реализираат едукативни работилници со младите во средните училишта со цел да се истакне штетноста на пушењето цигари врз здравјето, а Советувалиштето за одвикнување од пушењето при Центар за јавно здравје Охрид е отворено секој работен ден за сите оние кои сакаат да се информираат и ги дополнат своите знаења за штетноста на тутунскиот чад.


WebOhrid / 31.05.2024 / Центар за јавно здравје Охрид