22/11/2024
Македонија

Светски ден на бубрегот

Светскиот ден на бубрегот / World Kidney Day е најодбележуван настан во светот кој се фокусира на здравјето на бубрезите. WKD во светски рамки е заеднички организиран од страна на Меѓународните здруженија ISN и IFKF, a во Македонија Здружението на бубрежно болни граѓани НЕФРОН во соработка со стручните професионални здруженија на лекари и медицински сестри како и учество на одговорни личности во сегментот на здравството со подршка на медиумите, традиционално се приклучува во глобалната светска мрежа на организации кои го одбележуваат денот.

  Хроничната бубрежна болест е значаен светски јавно-здравствен проблем.

  Во 2019 година Светскиот ден на бубрезите промовира достапен и правичен пристап до здравствена заштита, превенција и третман на болестите на бубрезите ЗА СЕКОГО И СЕКАДЕ.

  Светскиот ден на бубрегот ќе се одбележи по 14-ти пат од страна на милиони луѓе ширум светот, со цел да се подигне глобалната свест за важноста на здравјето на бубрезите врз целокупното здравје на човекот.

  Хроничната бубрежна болест ХББ зафаќа околу 850 милиони луѓе ширум светот и во моментов е 6-та водечка причина за глобална смртност. 3,5 милиони луѓе во светот страдаат од хронични бубрежни заболнувања во 5-тиот стадиум и за нив е неопходно да се обебзеди третман со дијализа (хемодијализа или перитонеална дијализа) или трансплантација на бубрег. Помеѓу 2,3 и 7,1 милион луѓе во светот прерано умираат поради недостаток на пристап до дијализа и трансплантација, односно третмани за лекување на бубрежните болести.

  Во многу земји третманите за болестите на бубрезите често се недостапни, меѓу другото и поради високите финансиски трошоци, недостаток на инфрастуктура и специјализирани здравствени работници. Некои земји немаат обезбедени стратегии и третмани за управување со хроничните болести на бубрезите, а во повеќе од половина од земјите каде има стратегии нема воспоставено управување по упатства и стратегии за подобрување на грижата за болните со ХББ.

Хроничната бубрежна болест е тивок убиец…. Во раните стадиуми бубрежната болест нема никави знаци и симптоми. Човекот може да изгуби и до 90% од функцијата на бубрезите без да почувствува некаков симптом. Но, бубрежната болест може да се открие со едноставни тестови – тест на урината (проверка на протеини во урина) или тест на крвта (проверка на нивото на креатинин).

Проверете дали сте во групите со ризик да развијат ХББ?

– Дали имате Висок крвен притисок?

– Дали имате дијабет?

– Дали во Вашата фамилија има/ло бубрежни болни?

– Дали имате висока телесна тежина?

– Дали пушите?

– Дали сте на возраст над 50 години ?

– Дали потекнувате од подрачје каде познавате повеќе од 5 луѓе кои одат на дијализа ?

*** Ако одговоривте со ДА на 2 или повеќе од овие прашања, советувајте се со вашиот матичен лекар за здравјето на Вашите бубрези?

 8 ЗЛАТНИ ПРАВИЛА кои го намалуваат ризикот од ХББ ?

1. Бидете активни и вежбајте

2. Редовно контролирајте го шеќерот во крвта

3. Мерете и регулирајте го крвниот притисок

4. Хранете се здраво и контролирајте ја вашата телесна тежина

5. Пијте доволно течности, особено вода

6. Не пушете

7. Не земајте лекови на своја рака

8. Редовно проверувајте ја функцијата на Вашите бубрези барем еднаш годишно