Светски ден на интелектуалната сопственост
Во 2000 година, земјите-членки на Светската Организација за Интелектуалната Сопственост (WIPO) го одредија 26 април – денот на кој WIPO Конвенцијата стапи на сила во 1970 година – како Светски ден на интелектуална сопственост со цел да се зголеми општото разбирање за интелектуалната сопственост.
Од тогаш, Светскиот ден на интелектуалната сопственост нуди единствена можност секоја година да се приклучуваат сите од целиот свет, за интелектуалната сопственост да се гледа како придонес за развојот на музиката и уметноста и за развој на технолошките иновации кои помагаат за оформување на нашиот свет.
Оваа година Светската кампања за интелектуална сопственост ја слави брилијантноста, генијалноста, љубопитноста и храброста на жените кои носат промени во нашиот свет и ја обликуваат нашата заедничка иднина.
WebOhrid