Светски ден на крводарителството
14 јуни насекаде во светот се одбележува како Светски ден на крводарителството.
На овој ден Црвен крст Охрид искажува искрена благодарност, признание и почит на сите оние хумани луѓе, крводарители кои несебично и без резерва ја покажале својата хуманост дарувајќи крв, но и до екипите на Трансфузиолошката служба, вработените и волонтерите на Црвен крст Охрид и сите оние поединци, фирми, институции кои вложија труд, креативност и средства за поддршка и помош во реализација на крводарителските акции. На сите овие чинители ги поврзува една иста, многу значајна благородна и хумана работа-сите тие со својот ангажман придонеле да се спасат човечки животи.
Продолжуваме со нашата хумана мисија со апел до нашите сограѓани да останат хумани, да даруваат крв, бидејќи за живот се работи!
Црвен крст Охрид ја најавува следната крводарителска акција која ќе се реализира на 19.06.2024 г. (среда) во компанијата „КОСТАЛ“ во Охрид, од 9-13 ч., која ќе има за цел да ги задоволи потребите за крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во Охрид.
WebOhrid / 14.06.2024 / Црвен крст Охрид