Светски ден на птиците преселници
Светскиот ден на миграторните (преселните) птици беше инициран во 2006 година и е годишна кампања за подигање на свеста истакнувајќи ја потребата за заштита на миграторните птици и нивните живеалишта. Тоа е заеднички организирано од страна на секретаријатите на Конвенцијата за заштита на миграторните видови диви животни (CMS) и Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици (AEWA) – два меѓународни договори, спроведени од страна на Програмата на Обединетите нации за животна средина (УНЕП) и се поголем број на партнери.
Светскиот ден на преселните птици се одбележува секоја втора сабота во мај. Со „Обединување на нашите гласови за зачувување на птиците“ како тема за 2018 година, во „Годината на птиците“, овој ден јасно и силно се фокусира на развојот на својот нов идентитет и потребата на луѓето кои го слават низ целиот свет за да комуницираат и учат едни од други, преку границите, во рамките и помеѓу светските воздушни патишта. Преку активностите што се преземаат, целта на овој ден е да се зголеми нивото на свесност за заканите – општи и специфични – со кои се соочуваат птиците. Со споредување на нивните искуства и грижи, споделување на нивните приказни и активности, луѓето од целиот свет ќе направат нивните гласови и активности да стигнат дури и подалеку, низ патеките, подвлекувајќи го фактот дека заштитата на птиците е навистина глобално прашање.
WebOhrid