Светски ден на радиото
Радиото е масовен медиум кој стигнува до најширока публика во светот. Исто така, радиото се препознава како моќна алатка за комуникација и медиум со ниски трошоци. Радиото е посебно погодно за да стигне до оддалечените заедници и ранливите лица: неписмените, хендикепираните, жените, младите и сиромашните, нудејќи платформа за интервенција во јавната дебата, без оглед на нивото на образование на луѓето. Воедно, радиото има силна и специфична улога во комуникацијата во итни случаи и олеснување при катастрофи.
Исто така, постои промена на изгледот на радио услугите кои, во денешно време на мешање на медиумите, преземаат нови технолошки форми, како што се широкопојасниот интернет, мобилните телефони и таблети.
Радио е сè уште најдинамичен медиум, прилагодувајќи се на промените на 21 век и нудејќи нови начини за интеракција и учество. Онаму каде што фрагментацијата на социјалните медиуми и публиката може да нè стави во медиумски меурчиња на истомисленици, радиото е уникатно позиционирано да ги здружи заедниците и да поттикне позитивен дијалог за промени. Со слушање на својата публика и одговарање на нивните потреби, радиото обезбедува разновидност на ставови и гласови потребни за решавање на предизвиците со кои сите се соочуваме.
Темата за 2018 година е: „Радиото и спортовите“. Значајните спортски настани имаат можност да ги обединат срцата и умовите на луѓето насекаде. УНЕСКО ги повикува сите радио станици ширум светот да ја покажат убавината на спортот во сета своја разноликост. Да ги прославиме традиционалните спортови кои нè поврзуваат со нашето културно наследство, грасрутните спортови кои нè прицврстуваат во нашите заедници и инспиративните приказни кои ги предизвикуваат родовите стереотипи и ги опфаќаат подеднакво машките и женските спортски настани.
WebOhrid