26/11/2024
Регион/Свет

Светски ден на социјалната правда

Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи 20 февруари како Светски ден на социјалната правда во 2007 година, а ги повикува земјите-членки да се посветат на денот на промовирање на националните активности во согласност со целите на Генералното собрание и целите на Светскиот самит за социјален развој.

Социјалната правда е основниот принцип за мирен и просперитетен соживот во рамките во и помеѓу нациите.

Одбележувањето на Светскиот ден на социјална правда треба да ги поддржи напорите на меѓународната заедница во искоренувањето на сиромаштијата, промовирање на целосно вработување и пристојна работа, родовата еднаквост и пристап до социјална благосостојба и правда за сите.

Темата за 2019 година е: Доколку сакате мир и развој, работете за социјална правда. Се проценува дека во моментов околу 2 милијарди луѓе живеат во кревки и конфликтни ситуации, од кои повеќе од 400 милиони се на возраст од 15 до 29 години.

Создавањето работни места, поквалитетни работни места и подобар пристап до работни места имаат потенцијал да ги зголемат приходите и да придонесат за покохезивни и рамноправни општества и затоа се важни за спречување на насилни конфликти и за решавање на постконфликтните предизвици.

WebOhrid