26/11/2024
Регион/Свет

Светски ден на телекомуникациите и информатичкото општество

Во ноември 2006 година во Анталија, Турција, одлучено е двата настани: Светскиот ден на телекомуникациите и Денот на информатичкото општество да се прославуваат заедно на 17 мај како Светски ден на телекомуникациите и информатичкото општество.

17 мај ја одбележува годишнината од потпишувањето на првата Меѓународна телеграфска конвенција и создавањето на Меѓународната унија за телекомуникациите.

Целта на Светскиот ден на телекомуникациите и информатичкото општество е да помогне во подигнувањето на свеста за можностите од употребата на интернетот и другите информатички и комуникациски технологии и она што може да го добијат општествата и економиите.

Темата за 2018 година е: „Овозможување на позитивна употреба на Вештачката интелигенција за сите.“

Во последниве години има значителен напредок во технологијата на вештачката интелигенција, што е овозможено со огромен напредок во повеќе области кои придонесуваат, како што се големата база на податоци, машинското учење, компјутерската моќ, капацитетот за складирање и.т.н. Технологиите базирани на вештачка интелигенција веќе се појавуваат како клучна компонента на проактивни алатки и апликации кои се користат за да им помогнат на луѓето да водат подобар живот преку подобрување на здравствената заштита, образованието, финансиите, земјоделството, транспортот и широкиот спектар на други услуги.

WebOhrid