Светски ден за борба против дијабетес
На глобално ниво, околу 422 милиони возрасни луѓе живееле со дијабетес во 2014 година, во споредба со 108 милиони во 1980 година. Глобалната преваленца на дијабетес речиси двојно се зголеми од 1980 година, зголемувајќи се од 4.7% на 8.5% кај возрасната популација. Ова го одразува зголемувањето на поврзаните фактори на ризик, како што се прекумерната тежина или дебелината. Во текот на изминатата деценија, преваленцата на дијабетес е зголемена побрзо во земјите со низок и среден приход отколку во земјите со високи примања.
Во 2007 година Генералното собрание ја усвои резолуцијата A/RES/61/225 која го означува 14-ти ноември како Светски ден за борбата против дијабетес. Документот ја согледува „итната потреба да се продолжи со мултилатералните напори за унапредување и подобрување на човековото здравје и да се обезбеди пристап до третман и здравствено образование“.
Резолуцијата, исто така, ги охрабрува земјите-членки да развијат национални политики за превенција, третман и грижа за дијабетесот во согласност со одржливиот развој на нивните здравствени системи.
WebOhrid