Светски ден за подигнување на јавната свест за опасностите од цунами
Цунами претставува ретка појава, која може да биде крајно смртоносна. Во изминатите 100 години, 58 од нив одзедоа повеќе од 260.000 животи, или во просек по 4.600 по катастрофа, надминувајќи ги сите други природни опасности. Најголем број на смртни случаи во тој период се случија во цунамито во Индискиот Океан во декември 2004 година. Тоа одзеде околу 227.000 жртви во 14 земји, каде Индонезија, Шри Ланка, Индија и Тајланд беа најтешко погодени.
Само три недели подоцна меѓународната заедница се состана во Кобе, во регионот Хјого во Јапонија. Владите ја усвоија 10-годишната рамка за акција, првиот сеопфатен глобален договор за намалување на ризикот од катастрофи.
Исто така, тие го создадоа Системот за предупредување и ублажување на цунами во Индискиот Океан, кој може да се пофали со сеизмографско следење, како и следење на морското ниво и дистрибуирање сигнали до националните информативни центри за цунами.
Во декември 2015 година, Генералното собрание на Обединетите нации го означи 5-ти ноември како Светски ден за подигање на свест за опасностите од цунами.
Светскиот ден за подигнување на јавната свесност за опасностите од цунами беше замислен во Јапонија, која поради горчливо искуство и страв од повторување, со текот на годините создаде голема експертиза во областите како што се рано предупредување за цунами, јавна акција и подобра изградба по катастрофа за намалување на идните влијанија.
Датумот на годишната прослава беше избран во чест на јапонската приказна за „Inamura-no-hi“, што значи „горење на сламата од оризот“. Во текот на земјотресот од 1854 година, еден земјоделец забележал дека плимата се оддалечила, знак дека се приближува цунами. Тој ја запалил целата своја жетва за да ги предупреди селаните, кои побегнале на повисоките ридови. Потоа, тој изградил насип и засадил дрвја како тампон против идните бранови.
Генералното собрание на ОН ги повика сите земји, меѓународни тела и граѓанското општество да го набљудуваат денот, со цел да се подигне свеста за цунамито и да се споделат иновативни пристапи за намалување на ризикот.
WebOhrid