Светскиот ден на детето одбележан во ОУ „Григор Прличев“
По повод Светскиот ден на детето – 20 Ноември, УНИЦЕФ во светот организира прослава, ден за акција од децата за децата. На овој ден –годишнината од Конвенцијата за правата на детето – децата од целиот свет го креваат својот глас во знак на солидарност со најобесправените и најранливите деца во светот.
Во училиштето „Григор Прличев“ во Охрид се организира забавен ден со сериозна порака. Учениците „презедоа“ видни улоги за да фрлат светлина врз најгорливите предизвици со кои се соочува нивната генерација, под мотото „Децата ги преземаат училиштата“.
Сите ученици беа поучени со Конвенцијата за правата на децата, додека во одредени одделенија повеќе часови беа отстапени токму на учениците, се со цел, успешно да ја реализираат нивната замисла за подобар детски свет.