Свежо цвеќе по повод одбележувањето на Денот на независноста
По повод празникот 8-ми Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија, делегација на Општина Охрид, составена од претседателката на Советот, Живка Ангелоска и заменик-градоначалникот Ристе Николески, положија свежо цвеќе пред спомен обележјата на паднатите борци во паркот на градскиот плоштад.
Цвеќе положија и останати претставници од политичкиот и јавниот живот од градов.