Свикана четириесет и првата седница на Советот на општина Охрид
Врз основа на член 40 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), претседателката на Советот донесе Решение за свикување на четириесет и првата седница на Советот на општина Охрид на ден 18.03.2020 година (среда ) со почеток во 11:00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид, а предложен е следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог-Одлука за начин на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документаци како и за времен прекин на постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти.