Свикана дваесет и деветтата вонредна седница на Советот на општина Охрид
Претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска, донесе Решение за свикување на 29 вонредна седница. Седницата на Советот на општина Охрид е закажана за 05.07.2019 година (петок) со почеток во 12:00 часот, а предложен е следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за донесување на Правилник за внатрешна организација на работни места во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид.
- Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за донесување на Правилник за систематизација на работни места во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид.
- Предлог – Одлука за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорите на јавните установи за деца за 2019 година.
- Предлог – Одлука за дополнување на Одлука бр.08-181172/29 од 28.12.2018 година и Одлука бр.08-312/3 од 16.01.2019 година.