Свикана дваесет и третата вонредна седница на Советот на општина Охрид
Врз основа на член 40 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), претседателот на Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ДВАЕСЕТ И ТРЕТАТА
ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ дваесет и третата вонредна седница на Советот на општина Охрид на ден 07.02.2023 година ( вторник ) со почеток во 12.00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог – Заклучок за одобрување финансиска помош за настраданите од земјотресот на 06.02.2023 година во Република Турција и Република Сирија.
СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Сашо Донев