Свикана нова вонредна седница на Советот на општина Охрид
Претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска, свика вонредна седница која ќе биде со една точка на Дневен ред:
- Избор на вршител на должноста Градоначалник на општина Охрид.
Вонредната (дваесет и втора) седница ќе се одржи утре (25.12.2018) со почеток во 11:00 часот.