25/11/2024
Охрид

Свикана педесет и првата седница на Советот на општина Охрид

Претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска, донесе Решение за свикување на педесет и првата седница.

Седницата е закажана на 09.11.2020 година (понеделник) со почеток во 11:00 часот, а ќе се одржи преку интернет конференциска врска. Предложен е следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

Усвојување на Записниците од 46-та, 47-та, 48-та и 49-та седница

  1. Предлог –Програма за измени на програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2020 година.
  2. Предлог –Програма за измени на програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2020 година.
  3. Предлог –Програма за измени на програмата за култура за 2020 година.
  4. Предлог –Програма за измени на програмата за спорт и рекреација за 2020 година.
  5. Предлог –Програма за измена на програмата за активностите на општина Охрид во областа на образованието за 2020 година.
  6. Предлог –Програма за измени на програмата за заштита на животната средина и природата за 2020 година.
  7. Предлог –Програма за измени на програмата за детска заштита за 2020 година.
  8. Предлог –Програма за измени на програмата за финансиските потреби на ТППЕ Охрид за 2020 година.
  9. Предлог –Програма за измени на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2020-2022 година.
  10. Предлог –Програма за измени на програмата за јавно осветлување за 2020 година.
  11. Предлог –Програма за измени на програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај за 2020 година.
  12. Предлог –Програма за измени на програмата за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2020 година.
  13. Предлог –Програма за измени на програмата други комунални услуги за 2020 година.
  14. Предлог –Програма за измени на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2020 година.
  15. Предлог –Програма за измена на развојната програма за изградба на системи за водоснабдување за периодот од 2020 – 2022 година.
  16. Предлог –Програма за измени на развојната програма за изградба на системи за одведување и пречистување на отпадна вода за 2020-2022.
  17. Предлог – Програма за измени и дополнувања на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата наопштина Охрид 2020-2022.
  18. Предлог- Одлука за изменување и дополнување на буџетот на ЕЛС Охрид за 2020 година.
  19. Предлог-Одлука за донесување на буџетскиот календар.
  20. Предлог-Одлука за давање согласност на Планот за изменување на годишниот план за вработување на општина Охрид за 2020 година.
  21. Предлог – Иницијатива за изменување и дополнување на Статутот на општина Охрид.
  22. Предлог-Одлука за усвојување на Годишната програма за работа на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ – Охрид за учебната 2020/2021 година.
  23. Предлог-Одлука за усвојување на Годишната програма за работа на ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид за учебната 2020/2021 година.
  24. Предлог-Одлука за усвојување на Годишната програма за работа на ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид за учебната 2020/2021 година.
  25. Предлог-Одлука за усвојување на Годишната програма за работа на СОСУ„Св. Кирил и Методиј“ – Охрид за учебната 2020/2021 година.
  26. Предлог-Одлука за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ – Охрид за учебната 2019/2020 година.
  27. Предлог-Одлука за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на ОСУ„Св. Климент Охридски“ – Охрид за учебната 2019/ 2020 година.
  28. Предлог-Одлука за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид за учебната 2019/2020 година.
  29. Предлог-Одлука за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид за учебната 2019/2020 година.
  30. Предлог-Одлука за усвојување на Годишната програма за работа на ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ – Охрид за учебната 2020/2021 година.
  31. Предлог-Одлука за усвојување на Годишниот извештај за работа на Јавната општинска установа за деца детска градинка „Јасна Ристеска“ – Охрид за учебната 2019/2020 година.
  32. Предлог-Одлука за усвојување на годишната програма за работа на ОЈУ„Кузман Шапкарев“ – Охрид за 2020/2021 година.
  33. Предлог-Одлука за утврдување локации за поставување подземни контејнери на подрачјето на општина Охрид.
  34. Предлог-Одлука за усвојување на Локалниот еколошки акционен план за општина Охрид (2019-2025).
  35. Предлог – Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу општина Охрид и општина Ресен.
  36. Предлог – Одлука за субвенционирање на ЈП„Охридски Комуналец“ – Охрид за набавка на половно специјално товарно возило – Кипер.
  37. Предлог – Одлука за давање согласност на одлуката за дополнување на одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид.
  38. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на тарифа за собирање и одведување на урбани отпадни води на ЈП ‘Нискоградба” за регулиран период 2021-2023 година.
  39. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на годишниот план за вработување во ЈП „Водовод“ – Охрид за 2021 година.
  40. Предлог-Одлука за давање на трајно користење движни ствари-опрема за пумпни станици на  ЈП „Водовод“-Охрид.