Свикана триесет и деветтата на Советот на Општина Охрид
Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14 и 10/19), претседателот на Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА ТРИЕСЕТ И ДЕВЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ триесет и деветтата седница на Советот на општина Охрид на ден 26.02.2020 година со почеток во 9:00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на Записникот од 38 седница
- Предлог- програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2020 година.
- Предлог – одлука за усвојување на стратегијата за родова еднаквост во општина Охрид за 2020.
- Предлог Одлука за аплицирање на проект „ALTERNATIVE THEMATIC EXPERIENCES ROUTES“ во рамки на програмата INTEREG IPA програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Република Северна Македонија.
- Предлог Одлука за аплицирање на проект „LAKE ECOTOURISM NETWORK BETWEEN MUNICIPALITIES AND ORGANIZATIONS“ во рамки на програмата INTEREG IPA програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Република Северна Македонија.
- Предлог Одлука за прифаќање донација нa црковни предмети за ново изградената црква Воведение на пресвета Богородица – Пречиста во нас. Рача.
- Предлог Одлука за пренесување на правото на користење на канцелариски мебел сопственост на општина Охрид на ОУ “Григор Прличев“ – Охрид.
- Предлог – Одлука за пренесување на правото на користење на канцелариски мебел сопственост на општина Охрид на ОУ “Христо Узунов“ – Охрид.
- Предлог – Одлука за пренесување на правото на користење на канцелариски мебел сопственост на општина Охрид на ЈП “Билјанини Извори” – Охрид
- Предлог – Одлука за пренесување на правото на користење на канцелариски мебел сопственост на општина Охрид на ЈП Градски Пазар – Охрид
- Предлог – Одлука за пренесување на правото на користење на канцелариски мебел соптвеност на општина Охрид на ЈП ”Охридски Комуналец” – Охрид.
- Предлог – Одлука за пренесување на правото на користење на канцелариски мебел сопственост на општина Охрид на СВР Охрид.
- Предлог Одлука за утврдување на висината на надоместокот (закупнината) за поставување Урбана опрема во општина Охрид за 2020 година.
- Предлог – Одлука за давање согласност на одлуката за утврдување вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП„Нискоградба Охрид“-Охрид со статус на административни службеници за 2020 година.
- Предлог- Одлука за именување членови во надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈП ВОДОДВОД Охрид
- Предлог – Одлука за давање согласност на одлуката за донесување на статутот на ЈП ВОДОВОД Охрид.
СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател,
Живка Ангелоска