Свикана втората седница на Советот на општина Охрид
Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр. 8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14,14/14, 10/19 и 15/20), Претседавачот на Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ВТОРАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ втората седница на Советот на општина Охрид на ден 19.11.2021 година (петок) со почеток во 11:00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на Записникот од првата конститутивна седница
- Предлог Одлука за верификација на мандат на членови на Советот на општина Охрид.
- Предлог Решение за формирање Статутарно-правна Комисија.
- Предлог Решение за формирање Комисија за финансии и буџет.
- Предлог Решение за формирање Комисија за јавни и комунални дејности.
- Предлог Решение за формирање Комисија за урбанизам.
- Предлог Решение за формирање Комисија за општествени дејности.
- Предлог Решение за формирање Комисија за туризам и локален економски развој.
- Предлог Решение за формирање Комисија за заштита на животната средина.
- Предлог Решение за формирање Комисија за млади и спорт.
- Предлог Решение за формирање Комисија за месна самоуправа.
- Предлог Решение за формирање Комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија.
- Предлог Решение за формирање Комисија за еднакви можности меѓу мажите и жените.
СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Сашо Донев