18/10/2024
Охрид

СВР денес и утре ќе спроведе вежбовна активност за боево гаѓање на стрелиштето Бејбунар

Полициски службеници – припадници на редовниот состав од полициската станица од општа надлежност, од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај како и од криминалистичката полиција, денеска и утре (06 и 07.06.2024), на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање со огнено оружје.

Оваа активност се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловечкото друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом” Охрид и урбаната заедница „Билјанини извори”.

Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи извршија теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето „Бејбунар” со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони, а медицинското обезбедување ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Здравствен дом”.

Апелираме, граѓаните кои се движат кон стрелиштето „Бејбунар“, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници.


WebOhrid /06.06.2024 / СВР Охрид