СВР денес ќе спроведе вежбовна активност за боево гаѓање на стрелиштето Бејбунар
Полициски службеници припадници на активниот состав од полициската станица од општа надлежност Охрид, денеска, среда (30.10.2024) од 09:00 часот, на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид, ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање со огнено оружје. Оваа активност се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловното друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом” Охрид и урбаната заедница „Билјанини извори”.
Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи ќе извршат теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето „Бејбунар” со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони а медицинското обезбедување ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Здравствен дом”.
СВР апелира, граѓаните кои се движат кон стрелиштето „Бејбунар“, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници.
WebOhrid / 30.10.2024 / СВР Охрид