22/11/2024
ОхридСпорт

СВР ќе поднесе пријава за навивачите кои го нарушија јавниот ред и мир на натпреварот ГФК Охрид – Вардар

На 19.02.2022 година, за време на одржување на фудбалскиот натпревар ГФК Охрид – Вардар, на спортскиот центар „Билјанини извори“ во Охрид, поголема група навивачи го нарушила јавниот ред и мир со оштетување и уништување на инвентарот на стадионот како и со предизвикување насилство, палење и фрлање на пиротехнички средства.

По интервенција на полициските службеници, спречен е обидот за насилство и недостојно однесување на спортски натпревар, пронајдени и одземени се петарди, бакли и други пиротехнички средства.

По расчистување на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.


WebOhrid / 20.02.2022 / СВР Охрид