27/11/2024
Охрид

СВР Охрид се вклучи во акцијата за чистење на отпад

Вработените во СВР Охрид, денеска се вклучија во акцијата на администрацијата за чистење на отпад.

Сите вработени денеска го чистеа кругот на полициската станица, како и парковите на зградите во околината на полициската станица.

На тој начин, вработените во СВР Охрид го дадоа својот придонес за подигање на јавната свест за заштита на животната средина.