22/11/2024
Охрид

СВР Охрид го одбележа 7 мај – Денот на македонската полиција

Со пригодната свеченост, денеска Секторот за внатрешни работи Охрид го одбележа 7 мај-денот на македонската полиција. Полициски службеници Јован Ѓонески од полициската станица од општа надлежност Охрид, Јован Милошески од оделението за криминалистичка техника и Николче Милошески од полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид, добија благодарници за посебен придонес, успешна соработка и поддршка во работата на Секторот за внатрешни работи Охрид.

На свеченоста присуствуваа градоначалниците на Охрид и Дебрца, Јован Стојаноски и Зоран Ногачески со своите соработници, претставници на паравосудните органи, на подрачните единици на министерствата, на царината, одбраната, на јавните претпријатија, на Црвениот крст, на здружението на пензионери и пензионираните припадници на МВР и други поканети гости.