22/11/2024
Охрид

СВР Охрид го реализира сообраќајно-превентивниот проект „Стави појас“

Отсекот за превенција при СВР Охрид денеска, со помош на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, го реализира сообраќајно-превентивниот проект „Стави појас“.

На сообраќаен пункт поставен на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Подмолје, полициски службеници, на возачите на моторни возила им подарија маички со натпис СТАВИ ПОЈАС, миризливи освежувачи за автомобил и флаери со едукативна содржина и практични совети за поголема безбедност во сообраќајот.

Целта на оваа активност е зголемување на свеста и совеста кај возачите, за постојано користење на безбедносните појаси при управување со моторните возила а со тоа и зголемување на сообраќајната безбедност.