СВР Охрид ја ангажираше велосипедската полициска патрола
Од денеска, СВР Охрид во своето редовно полициско работење, ја ангажира велосипедската полициска патрола.
Предвидено е, патролата активно да се вклучи во превентивното и репресивното полициско делување во централното градско подрачје но и во останатите делови од градот. Полициските службеници на велосипед, ќе работат и на реализација на кражби, спречување на вршење кривични дела и прекршоци, откривање и приведување на сторители на разни казнени дела, ќе преземаат мерки за одржување на јавниот ред и мир.
По иницијатива на Канцеларијата за односи со јавност, велосипедската полициска патрола, СВР Охрид ја воведе на 17 јули 2008 година, на што претходеше посебна обука за полициските службеници-велосипедисти за посебните техники на полициско велосипедско патролирање.