26/11/2024
Охрид

СВР Охрид ја отпочна кампањата „За безбедно патување во зима“

СВР Охрид, преку полициската станица за безбедност во патниот сообраќај и отсекот за превенција, на целото подрачје ја отпочна кампањата „За безбедно патување во зима“.

Кампањата се реализира под мотото „Биди подготвен – користи зимска опрема“ во која, полициски службеници, низ непосреден контакт со возачите, на повеќе сообраќајни пунктови ќе ги потсетуваат за обврската која стапи на сила, за задолжително носење зимска опрема при управувањето со моторни возила.

Во рамките на кампањата која е заедничка активност со РСБСП, на возачите ќе им се поделат и едукативни флаери со корисни совети за безбедно управување со возилата во зимски услови.

Согласно Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата од 15 ноември оваа до 15 март наредната година, задолжително е поседување на пропишана зимска опрема во возилата.


WebOhrid / 17.11.2023 / СВР Охрид