22/12/2024
Охрид

СВР Охрид ја отпочна превентивната кампања „Соседска патрола“

Синоќа (16.07.2022 година), Секторот за внатрешни работи Охрид, ја отпочна превентивната кампања „Соседска патрола“.

Мешаните патроли составени од полициски службеници од одделението за превенција, родители, претставници од Советот на родители во училиштата, од секторот за образование при локалната самоуправа како и на Центарот за социјални работи, во рамките на проектот „Безбедно лето 2022“, извршија превентивна обиколка на угостителските објекти како и местата на отворен простор каде, во ноќнитечасови најчесто се собираат и задржуваат младите.

Целта на кампањата е, родителите да видат каде и како младите се забавуваат во ноќните часови, какви се условите каде што излегуваат, кои угостителскии други јавни места најчесто ги посетуваат, кои се можните проблеми со кои се соочуваат и како полициските службеници, практично ги применуваат своите полициски овластувања.

Целта на кампањата е преку широка општествена акција да се зацврсти партнерскиот однос меѓу полицијата и граѓаните, да се придонесе кон зголемување на степенот на безбедноста, да се намалат можните инциденти на местата каде што се забавуваат младите, да се подигне нивната општествена свест и совест за одговорно однесување во угостителските објекти и на јавните места како и доследно да се почитуваат законските одредби пред се од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

Кампањата, овој месец ќе се спроведе и во другите населени места што ги покрива СВР Охрид.


WebOhrid / 17.07.2022 / СВР Охрид