04/03/2025
Охрид

СВР Охрид ја спроведе едукативната кампања „Паркирај одговорно“

Полициски службеници од отсекот за превенција, на повеќе сообраќајници во градот ја спроведоа превентивно едукативна кампања „Паркирај одговорно“ со цел, подигнување на сообраќајната култура на возачите на моторни возила и зголемување на сообраќајната безбедност.

Низ непосредни кратки контакти со возачите, беше укажано на потребата од исклучиво користење на обележани паркинг простори посебно во централното градско подрачје заради елиминирање на неправилно паркираните или непрописно оставените возила на коловоз  кое значи  попречување на нормалното одвивање на сообраќајот.

На возачите на моторни возила им беа поделени и  летоци со пригодни сообраќајни совети, изработени во соработка со РСБСП.


WebOhrid / 03.03.2025 / СВР Охрид