22/11/2024
Охрид

СВР Охрид ќе ги интензивира контролите за време на претстојните празници

Со цел подигнување на безбедноста во сообраќајот, СВР Охрид, синоќа и рано утрово, спроведе нова сообраќајна акциска контрола. Притоа, во Охрид, контролирани се вкупно 50 возачи, а кај четири возачи на патнички автомобили, констатирано е присуство на алкохол во крвта. Тие веднаш се исклучени од сообраќај и одземени им се возачките дозволи. Против нив, полициската станица за безбедност во сообраќајот Охрид, ќе поднесе соодветни пријави. За време на акциската сообраќајна контрола, полициските службеници регистрирале и вкупно шест други прекршоци поради што, издадени се мандатни платни налози.

За време на претстојните празнични денови, СВР Охрид ќе ги интензивира сообраќајните како и останатите контроли на целото подрачје. Целта е подигнување на степенот на сообраќајната безбедност, поголемо почитување на сообраќајните правила и прописи и зачувување на поволната безбедносна состојба.