23/11/2024
Охрид

СВР Охрид почна со реализација на едукативната кампања „Мојот пријател полицаец“

Вчера (03.10.2024) Отсекот за превенција при СВР Охрид, почна со реализација на  едукативната кампања наменета за најмладите „Мојот пријател полицаец“. Притоа, полициски службеници, ја посетија детската градинка „Росица“ и низ интерактивен пристап, на 65 дечиња од предшколска возраст, им одржаа едукативни предавања со посебен акцент на областа безбедност во сообраќајот, а им поделија и соодветен едукативен материјал со низа практични совети од областа на сообраќајот.

Целта на оваа активност е запознавање на децата со улогата на полицаецот и запознавање со основните правила и прописи во сообраќајот.


WebOhrid / 04.10.2024 / СВР Охрид