11/05/2025
Охрид

СВР Охрид реализираше едукативна кампања „Стави појас“

Отсекот за превенција при СВР Охрид вчера (23.04.2025) реализираше едукативна кампања од областа на безбедноста на сообраќајот, а под мотото – „Стави појас“. Притоа, полициските службеници на неколку сообраќајни пунктови, преку непосредна комуникација со возачите на моторни возила ја нагласија потребата, но и законската обврска за користење безбедносен појас при управување со моторните возила, во и надвор од градските средини.

На возачите им беше и поделен едукативен материјал со практични совети за безбеден сообраќај. Целта на кампањата, реализирана во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата е подигнување на сообраќајната култура и сообраќајната безбедност кај учесниците во сообраќајот.


WebOhrid / 24.04.2025 / СВР Охрид