СВР Охрид со поинтензивни активности и контроли во Дебрца за поголема заштита од пожари
По неколкуте пожари на отворен простор на локации на подрачјето на општина Дебрца, СВР Охрид отпочна со поинтензивни активности и контроли со цел, поголема заштита на регионот од појава на пожари.
Воедно, СВР упатува апел до жителите на Дебрца да избегнуваат палење оган на отворено, на стрништа, плевел и отпадоци и потсетува дека предизвикувањето на шумски пожар, намерно или од невнимание, претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни поднесоци и за кое е предвидена и затворска казна до 8 години (член 227 од Кривичниот законик), зависно од видот на пожарот и другите околности и последици.
15.02.2024 / СВР Охрид