СВР Охрид со превентивна кампања за целосно почитување на мерките за заштита од Ковид 19
Со цел подигнување на совеста кај граѓаните за потребата од доследна примена на мерките за заштита од вирусот Ковид 19, денеска, СВР Охрид преку одделението за превенција, на целото подрачје (Охрид, Струга, Кичево и Дебар) реализира превентивна кампања за целосно почитување на препорачаните безбедносни мерки и протоколи за заштита од Ковид 19.
Во рамките на превентивните мерки, претставници на оделенијата за превенција во соработка со волонтери на Црвениот Крст, на граѓаните им поделија заштитни повеќенаменски маски, заштитни ракавици и пригоден флаер-пропаганден материјал со препорачаните совети и препораки за заштита.
На овој начин, полициските службеници покажаа грижата за јавното здравје и јакнење на партнерството со граѓаните во примена на мерките и препораките за целосна заштита и справување на заканите од вирусот Ковид 19.