СВР Охрид во соработка со Мисијата на ОБСЕ спроведоа едукативно предавање на ученици за говор на омраза
Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид во соработка со Мисијата на ОБСЕ денеска (01.02.2023) во гимназијата „Св.Климент Охридски“ во Охрид спроведоа едукативно предавање на тема „Говор на омраза“, на кое што присуствуваа ученици од прва година од средното училиште. Притоа, на учениците им беа поделени едукативни материјали, како и нотеси, обележувачи на книга и беџови со логото – „Без омраза“.
Целта на ова едукативно предавање беше подигање на свеста на децата за поимот и феноменот на говорот на омраза, како и превенирање и спречување на истиот преку благовремено детектирање и препознавање на појавните облици на говорот на омраза.