23/11/2024
Охрид

СВР Охрид спроведе превентивна кампања „Вози одморен“

На ден 23.07.2021 година, СВР Охрид преку отсекот за превенција, а во координација со РСБСП, ја спроведе превентивната кампања „Вози одморен“. Притоа, полициски службеници, на сообраќајниот пункт кај Подмолје, на возачите им поделија флаери, фрешери за во автомобил, вода, маици  и капчиња со логото „Вози одморен“.

Низ кратки разговори, возачите беа потсетувани за неопходноста од внимателно управување на моторните возила, како основен предуслов за зголемена сообраќајна безбедност и избегнување сообраќајни незгоди.