22/11/2024
Охрид

СВР Охрид започна со реализација на превентивна кампања „Стави појас“

Вчера (29.02.2024), СВР Охрид започна со реализација на превентивна кампања „Стави појас“.

Во рамките на едукативната кампања, полициски службеници од Отсекот за превенција и од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, на повеќе пунктови во градот, низ непосреден контакт на возачите на моторни возила им укажаа на неопходноста од користење безбедносен појас во текот на управувањето со моторното возило.

Исто така, за време на активноста на возачите им беа поделени маици и освежувачи за возила со натпис „Стави појас“, како и летоци со едукативна содржина.


WebOhrid / 01.03.2024 / СВР Охрид