27/11/2024
Охрид

СВР реализира превентивен проект на тема „Врсничко насилство“ во ОУ „Ванчо Николески“ Лескоец

На 14.11.2023 година, полициски службеници од СВР Охрид во основното училиште „Ванчо Николески“ во охридското село Лескоец, реализираа превентивен проект на тема „Врсничко насилство“.

Притоа, низ интерактивен пристап, на учениците од шесто до деветто одделение  им беа објаснети појавните форми и облици на манифестирање на насилство помеѓу врсниците „булинг“ и он-лајн насилството „сајбер булинг“, како крајно штетни и опасни појави при користење на социјалните мрежи.

Околу 150 ученици беа запознати како треба да реагираат доколку тие се жртва на булинг и сајбер булинг, каде да го пријават насилството и со кого  да ги споделат тие информации.

Оваа едукативна кампања ќе биде реализирана и во другите училишни центри на подрачјето на СВР Охрид.


WebOhrid / 15.11.2023 / СВР Охрид