Во текот на вчерашниот ден (24.09) полициски службеници од Секторот за внатрешни работи приведоа девет лица што со потерница се барааа за издржување на затворска казна и тие се спроведени до казнено поправните институции. Приведени се И.Т. (37), Д.Б. (34), А.Љ. (43), Т.С. (60) , Г.Ш. (37), О.С. (24) Љ.Г. (61), А.Н. (34) и Ф.Џ (32) за издржување на затворски казни во различно време траење, до три години.