22/11/2024
Охрид

СВР со апел за почитување на правилата и прописите во услови на зголемена фреквенција во сообраќајот

Во услови на зголемена фрекфенција во сообраќајот на целото подрачјеа на СВР Охрид, упатуваме апел до сите учесници во сообраќајот за внимателно, дисциплинирано, совесно и одговорно однесување, целосно почитување на сообраќајните правила и прописи и на поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација. Тоа е предуслов за зголемен степен на сообраќајна безбедност, елиминирање на можностите за сообраќајни незгоди и подигнување на јавната сообраќајната култура.

Укажуваме на потребата од крајна внимателност при управувањето на патничките и други моторни возила, почитување на пропишаната брзина на движење, исклучиво користење безбедносни појаси, некористење на мобилните телефони при управување со моторни возила, моторцикли или велосипеди, користење на пешачките и велосипедски патеки.

Возачите на моторни возила, да се придржуваат до пропишаната брзина на движење, да ги почитуваат пешаците, моторциклистите и велосипедистите во сообраќајот и секогаш да им овозможуваат првенство на минување.

Моторциклистите и велосипедистите, задолжително да користат заштитен шлем-кацига неопходна и за сопатникот на моторциклот, да внимаваат на брзината на движење и безбедно да вршат претекнување или промена на страната на движење.

Пешаците, обврзно да ги користат обележаните пешачки премини за безбедно преминување на коловозите на сообраќајниците.

Велосипедистите да се движат по обележаните велосипедски патеки, исклучиво да ја користат десната страна за движење по коловозната лента, да вршат сигнализирање со подигната рака за секоја промена на управувањето на велосипедот, внимателно да се движат покрај паркирани автомобили, задолжително да користат предно и задно светло при ноќно управување на велосипедот.

Ги потсетуваме сопствениците на моторцикли до 50 кубни сантиметри дека имаат законска обврска за задолжително годишно осигурување на моторциклите. По овој, но и по другите останати законски основи, полициските службеници ќе вршат контроли и ќе поднесуваат соодветни пријави, при констатирани неисправности.

Доколку малолетници се затекнат при управување со моторцикли, предвидената законска казна ќе ја сносат нивните родители.

Посебно, нагласуваме дека такси патничките моторни возила, кои вршат јавен превоз на патници, треба да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи како и законот за превоз на патници во патниот сообраќај, да ги користат обележаните сообраќајни површини наменети за такси постојки, да не вршат двојно паркирање на коловозите и да ги отстрануваат возилата по дадени насоки од полициските службеници.

Сообраќајната полиција, согласно Законот за безбеднст во сообраќајот на патиштата, ќе врши интензивни контроли со цел подигнување на сообраќајната превенција и намалување на ризиците во сообраќајот.