СВР со безбедносни мерки за Водици во Охрид
Со цел безбедно и непречено одвивање на манифестациите по повод верскиот празник „Богојавление-Водици“, Секторот за внатрешни работи Охрид ги презема сите неопходни безбедносни мерки на превентивен и оперативен план. Мерките на СВР Охрид се насочени кон зачувување на поволната и стабилна безбедносна состојба на целото подрачје во областа на јавниот ред и мир, спречување на казнени дела и регулирање на сообраќајот во централното градско подрачје и приградските населби.
Денеска, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, врши известување до сопствениците на патнички и други моторни возила за дислокација на возилата од паркинг местата на булевар „Македонски просветители“ со пресекот на улицата „Партизанска“ кон кружната крстосница со кеј „Македонија“, на улицата „Цар Самоил“ со „Коста Абраш“ и кеј „Македонија“ со „Кузман Јосифовски“. Тука е предвидено поставување на возилата со приоритет како и шатори од Црвениот крст со неопходната опрема. Утре, за сообраќај ќе биде затворен булеварот „Македонски просветители“ од пресекот со улицата „Партизанска“ кон кеј „Македонија“ сообраќајот на булеварот „Македонски просветители“ целосно ќе се пренасочи кон улицата „Партизанска“, „Даме Груев“ и „7 ноември“. Посебниот режим на сообраќај на овој потег ќе отпочне денеска од 23 часот и ќе трае во текот на утрешниот ден, се до завршување на предвидените активности. Верскиот празник и фрлањето на светиот крст во водите на Охридското Езеро кај градското пристаниште, ќе биде обезбедуван и од полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ со присуство на полициски службеници во патролни полициски чамци.
По повод верскиот празник Богојавление-Водици, полициски службеници ќе вршат физичко и сообраќајно обезбедување на манифестациите и во охридските приградски населби но и во останатите градови на подрачјето на СВР Охрид каде се прославува верскиот празник.
* во врска со овие мерки, изјава на линк во живо од градското пристаниште, ќе бараат Сител ТВ и локалната ТВМ.