Таневски: „Дома си е дома“ – ваучери за поттикнување на домашниот туризам
Изјава на претседателот на ОО на СДСМ – Охрид и кандидат за пратеник Лазе Таневски на тема: „Дома си е дома“ – ваучери за поттикнување на домашниот туризам.
https://youtu.be/ghpoWA6SGYQ
„Токму во годината која за туризмот почна мошне добро и почнавме да ги собираме плодовите од макотрпната презентација на Охрид и земјава пред странските тур оператори и со нетрпение очекувавме туристички бум, се случи пандемијата со Ковид -19.
Невидливиот непријател најпрво удри токму по туризмот. Се затворија границите, па хотелите, рестораните и кафетериите. Цели три месеци сите сме под клуч, со надеж дека за скоро ќе почнеме да се опоравуваме од шокот кој долго ќе не следи. Владата на Република Северна Македонија со сет мерки уште по првиот бран почна да наоѓа пат за решавање на нашите проблеми. Кога помислата е јасна дека странските туристи во овие услови ќе не заобиколуваат а за туризмот да не падне тотално на колена, излезот е во домашните гости. И додека се очекуваат протоколите за работа во хотелско – угостителскиот еснаф а објектите на отворено полека се враќаат во живот, потсетуваме на една од мерките: „Дома си е дома“ – ваучери за поттикнување на домашниот туризам.
Издавањето на ваучери за домашен туризам е мерка која беше најавена во третиот пакет економски мерки на Владата предводена од СДСМ за нова развојна македонска економија, а главната цел на оваа мерка е поттикнување на домашната потрошувачка и поддршка на домашниот туристичко-угостителски сектор.
Граѓаните ваучерите од 6.000 денари за домашен туризам и платежни картички од 3.000 денари ќе можат да ги користат од 15 јули 2020 до 15 декември 2020.
Мерката предвидува сите вработени граѓани што примаат плата помала од 15.000 нето месечно да добијат ваучер од 6.000 денари кој ќе можат да го искористат во домашните туристички објекти, но и платежна картичка од 3.000 денари која ќе може да ја користат за купување домашни производи или во сите угостителски објекти во државата.
Ваучер ќе им биде доделен на сите вработени граѓани кои немаат месечни приходи поголеми од 15.000 денари и немаат други приходи, според податоците од Управата за јавни приходи.
Постапката за добивање на ваучер предвидува откако УЈП ќе ги достави податоците за граѓаните кои ги исполнуваат условите за оваа мерка потоа на истите преку електронска пошта ќе им биде доставен ваучер со ЉР цоде во вредност од 6.000 денари и упатство за користење на истиот.
На истите граѓани кои ќе добијат ваучер во вредност од 6.000 денари им следува и електронска платежна картичка во вредност од 3.000 денари која ќе можат да ја користат во сите угостителски објекти.
Со оваа мерка е предвидено да бидат опфатени околу 115.000 граѓани, со буџет од 16 милиони евра кој е ставен на располагање за поддршка на домашниот туризам.
И не е тоа се. За сите во туризмот е и Платформата „Дома си е дома“ за поттикнување на домашниот туризам На неа сите категоризирани туристичко-угостителски објекти низ државата ќе ги презентираат своите капацитети за сместување. Граѓаните кои ќе добијат ваучери ќе може да изберат во која од понудите домашни капацитет ќе го поминат својот годишен одмор.
Категоризирани угостителски објекти се сите објекти за сместување кои имаат Решение за категоризација вклучувајќи ги и издавачите на соби за сместување и други приватни сместувачки капацитети во нашата држава.
Ова е прилика и сите објекти кои не се категоризирани, да го направат тоа заклучно до 20 јуни за да можат потоа да аплицираат за користење на мерката и нивните понуди да ги прикачат на платформата.
Време е да го зајакнеме домашниот туризам со што оваа година ќе направиме се’ нашите сограѓани од целата земја да одмораат и да летуваат дома, овде во Охрид. Ова е шанса за нас во Охрид хотелите, рестораните и апратманите да не ни останат празни. Макотрпно сме вложувале во развојот на туризмот и покачувањето на стандардите во понудата. Време е да се свртиме еден кон друг да си помогнеме и економски да опстанеме.
И во меѓувреме да не заборавиме:
Секој од нас има обврска да ги почитува мерките, ова е моментот кога мораме да дадеме поддршка на здравството! Вирусот е се’ уште тука, а епидемијата може да ја победиме само ако заеднички делуваме. Не постои друг начин да излеземе од кризата освен со целосно почитување на мерките.“ – истакна Таневски.